еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Две починати лица асоцирани со Ковид-19 минатата недела

Во периодот од 23 до 29. септември регистрирани се две починати лица асоцирани со Ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје.

Лицата се од Демир Хисар и Охрид, од возрасната група над 65 години.

Тие биле вакцинирани со 2 и 3 дози против Ковид-19 (поминати 3 години од последната доза на вакцина), со регистрирани коморбидитети.

Едното позитивно лице е починато во болнички, а другото во домашни услови.

Минатата недела се регистрирани 45 нови позитивни случаи, со намалување од 29,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=25; 55,6%), a највисока инциденца е регистрирана во Демир Хисар (13,8/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=24; 53,3%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 68 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и многу топло утре, за време на викендот попладне пороен дожд и грмежи

Редакција

Најчевска: Османи ни соопшти дека се согласува со тврдењето дека Македонците убивале, палеле, стрелале луѓе заради етничка припадност кога биле дел од СФРЈ

Редакција

За брз кредит од 9.000 денари наплатени 75.752 денари: Бидете внимателни!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница