еМагазин
Image default
Македонија

Дестина македонски Бугари оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева во Скопје

Дестина македонски Бугари денеска оддадоа почит пред спомен-плочата на Мара Бунева на кејот на Вардар во центарот на Скопје, по повод 97 години од нејзината смрт.

Претходно тие организираа панихида во црквата „Св. Димитрија“, по што оставија цвеќе и нејзина слика пред спомен плочата.

Церемонијата помина без никакви инциденти, а присутните за медиумите изјавија дека очекуваат македонските Бугари наскоро да бидат ставени во македонскиот Устав.

Бунева родена во Тетово, на 14. јануари 1928 година на кејот на Вардар во Скопје извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ и потоа се самоубила.

Фото: Виктор Стојанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не наседнувајте на лажни пораки наводно испратени од директорот на БЈБ, Тасевски, предупредуваат од МВР

Редакција

Прв случај на позитивен на корона вирусoт во Пробиштип

Редакција

Кандидатот на СДСМ Константин Георгиески извесен победник на предвремените избори за градоначалник на Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница