еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дрин Ахмети легално купил пиротехнички средства, кои се забранети за продажба кај нас

Внукот на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети и еден од сопствениците на трговскиот центар „Соравија“, Дрин Ахмети, вели дека легално ги купил пиротехничките средства кои му беа пронајдени во неговиот автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дрин Ахмети тврди дека пиротехниката ја купил легално, не планирал да ја препродава

Но, според Кривичниот законик (КЗ), набавката и држењето на распрскувачки материи е кривично дело.

Во неговиот автомобил со албански регистарски таблички беа пронајдени околу 750 пиротехничките средства.

Според КЗ, ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот се казнува со парична казна или со затвор до три години.

Ако пак случајот се третира само како прекршок, според Законот за прекршувања на јавниот ред и мир, за употреба на пиротехнички средства казната е од 100 до 250 евра.

Јавното обвинителство се уште не соопштило како ќе го третира овој случај, а полицијата, како што информираше пред неколку дена министерот Оливер Спасовски, си ја завршила работата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети, хит на Твитер

(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден

Вредноста на две компании на внукот на Ахмети, Дрин е околу 8 милиони евра

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат Џафери седницата во парламентот ја води на албански јазик: Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше

Редакција

Снегот ги затвори патиштата: Граѓаните околу Беровско езеро да не тргнуваат на пат, за храна и лекови нека се јавуваат на 112

Редакција

(Фото) Каролина со музичко шоу за Нова година на МРТ, ќе гостуваат и нејзини колеги пријатели

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница