еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Едукативно-забавна програма и акција за собирање, реупотреба и пренаменување на текстил викендов во Дајмонд мол

Во текот на претстојниот викенд, Дајмонд мол ќе биде место каде низ забава, децата ќе се едуцираат за особено значајни еколошки теми и каде граѓаните ќе можат да го рециклираат текстилниот отпад и да бидат сигурни дека придонесуваат за заштита на животната средина, информираат од таму.

Под мотото „Рециклирај, креирај, блескај“, на 17. и 18. мај, Дајмонд мол организира низа активности за подигнување на свесноста за повторна употреба и рециклирање на отпадот, со цел да се изградат еколошки ставови, особено кај помладите, и преку тоа да се придонесе кон намалување на текстилниот и други видови отпад.

Учествувајќи на различни работилници што ќе бидат организирани во рамки на овој  настан, најмладите ќе можат низ интерактивни и забавни активности да научат како да ѝ најадат поинаква намена на својата облека или да и им дадат нов живот на старите фармерки и маици, а ќе учат и како да изработуваат декорации и накит од отпад.

Првите работилници ќе се одржат во сабота, 17. мај, од 12.00 до 14.00 часот и се наменети за деца од 5 до 12 години.

Во недела пак, на 18. мај, ќе има работилница и модна ревија за креации изработени од отпад, детска модна ревија, советувалиште за модни стилови и танцова изведба на „Скил фактори“. Програмата ќе трае од 12.00 до 14.00 часот.

Паралелно со едукативно-забавната програма, Дајмонд мол, во соработка со „Тексомак“ – компанија што промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад, ќе овозможи сите оние што имаат облека и друг вид текстил што не го употребуваат, да го рециклираат со тоа што ќе го одложат во специјални контејнери кои ќе бидат поставени на неколку локации во молот.

Организирајќи го овој настан, заедно со своите посетители, Дајмонд мол помага во подигнувањето на свесноста за еколошките решенија и однесување и на поединците и на компаниите, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уште еден голем успех за Сашко Кедев во искачувањето на врвови над 8.000 метри: Првиот Македонец кој стапна на Даулагири

Редакција

„Падна“ седумка на Лото во износ од 669.330 евра

Редакција

Пивара Скопје лансираше дигитална платформа за едукација на млади за полесно вработување

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница