еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Есенска магија на ракотворби во Рамстор Мол

Со радост ја споделуваме успешната реализација на настанот „Есенска магија на ракотворби“, кој се одржа во Рамстор Мол во соработка со Занаетчиската комора на РСМ.

Настанот ја слави креативноста, умешноста и трудот на локалните ракотворци, создавајќи вистинска есенска магија исполнета со уникатни дела.

Во рамките на овој настан, беше организирано и добротворно поклонување на колачиња, дел од проектот „Образување и економско зајакнување на жените“, поддржан од Aмбасадата на Р. Словенија во Скопје, кој успешно го имплементираше Занаетчиската комора на РСМ.

На настанот присуствуваше Амбасадорот на Р. Словенија, неговата екселенција г-дин. Грегор Прескер во придружба на неговата сопруга и претставници од Амбасадата и претседателот на Занаетчиската комора г-дин Агрон Фазлији со директорката г-ѓа Јелена Спасова.

Со оваа иницијатива испративме порака за заедништво, солидарност и поддршка, истовремено промовирајќи економски и социјален развој за жените.

Благодарност на сите учесници кои ја поддржаа нашата мисија за создавање можности и инспирација, и ве покануваме да ја посетите есенската магија на ракотворби во Рамстор Мол, која ќе биде изложена до недела, 01.12.2024 година.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фотографија на Атанасовски на листата на АФП за одбележување на 2018 година

Редакција

Сандра Цветкова снима реклама за познатиот пијалок „7up“ во Лондон

Редакција

За посреќна Нова Година и Божиќ – тимот на МТЕЛ им подари новогодишни пакетчиња на децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница