еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Завршена изградбата на браната „Конско“, водата ќе се користи и за производство на струја

Заврши изградбата на браната „Конско“, која е дел од хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“.

Истата ќе се користи за наводнување на најмалку 6.500 хектари во текот на целата година, а водата ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и дојранскиот регион.

Предвиденото е поставување и на пловечките фотоволтаци.

Инвестицијата е во вредност од над 40 милиони евра.

Ја градеше турскиот конзорциум од компаниите „Серка“ и „Ак Ели“, а надзорот го вршеше Градежниот институт.

Фото: Кабинет на претседателот/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како гувернерката Ангеловска-Бежоска го пробиваше својот пат до успешна жена

Редакција

(Фото) Дури и над 4 часа се чека за подигање на документи во зградата на МТВ, нема ред, протоколите не се почитуваат

Редакција

Скопски пазар ја зголеми добивката за 347%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница