еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Засега нема предлог за гувернер на Народна банка

Денеска во македонското Собрание не стигна предлог за гувернер на Народната банка од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како што беше најавено.

Истиот ќе стигне до Собранието неделава, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој негира дека пролонгирањето е поради несогласување помеѓу него и Сиљановска Давкова за кандидатите.

Како што е веќе познато како можни кандидати за оваа функција се актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска, чиј мандат од седум години завршува на 21. мај, која има право на реизбор и поранешните министри за финансии, Трајко Славески, кој е актуелен претседател на Советот на Град Скопје и Зоран Ставрески, кој подолг период немал државна функција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за сопственик и вработени во фабрика за производство на масло од канабис во Краварии

Редакција

(Фото) Македонскиот интернационален модел Ивана Манас блесна во најновиот број на престижниот моден магазин Vanity Fair

Редакција

Убава вест: Оздравени 293 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница