еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

„Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна.

Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските.

Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како се дочека новата 2023 година во Сиднеј, Токио, Лондон, Дубау, Њујорк, Рио де Жанеиро

Редакција

(Галерија) Рафтингот е вистински избор ако сте на одмор во Анталија, и сте љубител на авантури и спортски активности во природа

Редакција

Бугарија ја блокира Македонија, тоа е страшно, вели унгарскиот министер Сијарто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница