еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Земјоделците да бидат внимателни во близина на далекуводите, апелираат од МЕПСО

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

Од МЕПСО до земјоделците апелираат да не поминуваат со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, да не поставуваат цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси.

„Не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија. Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа.

Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далекуводот. Не палете стрништа во близина на далекувод, бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем,“ велат од МЕПСО.

Дополнително апелираат спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далекуводи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далекуводите, под јажињата за пренос на електрична енергија.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос во Будва: Специјалци го уапсија градоначалникот и уште неколку локални функционери

Редакција

Комисијата за заразни болести со препорака до Владата од утре да се воведат тестови за граѓаните од Србија, Косово, БиХ и Црна Гора

Редакција

Заев на „Отворен Балкан“: Кога ЕУ потфрла ние имаме обврска постојано да преземаме иницијативи што го европеизираат регионот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница