еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Зимски МакеДокс“ со проекција во „Јадро“

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ продолжува со серијата проекции распоредени во четири блокови во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“.

Вториот блок од серијата проекции ќе се одржи на 21. ноември, со почеток во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“, каде ќе биде прикажан документарниот филм „Насмеаната Грузија“ (Грузија, Германија/2023/62 мин.) на режисерот Лука Бераѕе.

Која е цената на полувистините на политичарите? Во 2012 година, грузискиот претседател сакал да ја насмее нацијата. Во трката за нов избор, владејачката партија ветувала субвенционирана грижа за забите за најсиромашните во земјата.

Низ цела земја државните лекари почнале да вадат расипани заби, ветувајќи дека ќе ги заменат во надоаѓачките месеци – а потоа претседателот изгубил. Низ интервјуа со оние што најмногу биле погодени од кампањата гледаме приказна за каприците на политичката моќ и пркосот на оние што обично ја имаат најмалку – филм на кој му недостасуваат заби, но кој е далеку од беззаб.

Влезот на проекцијата е бесплатен за сите заинтересирани посетители.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Промовирана монографијата за Марко Пејчиновски, “Одисеја 2022”

Редакција

Македонија избрана за златна дестинација за патување од страна на холандските туристи

Редакција

Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница