еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациенти од донор добија срце, црн дроб, бубрези, а во следните денови и коскени ткива

Во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство.

Министерот Илир Демири упати огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат органите од нивниот близок и притоа да спасат најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот.

Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку четири животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, вели Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, или вкупно 77 органи што живот значат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами: Неуспесите на ДУИ не можат да се покријат со барањето за премиер Албанец

Редакција

Тимбилдинг – активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим

Редакција

Клиника Жан Митрев нуди имот за одблокирање на сметките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница