еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Им требаме на Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона, кои останаа без татко кој почина, а мајка ги напуштила

Пет деца од Кичево на возраст од 3 до 8 години останаа без родителска грижа. Нивниот татко почина, а од пред три години ги напуштила и нивната мајка.

За нив сега се грижат баба со хендикеп и помлад вујко.

„Трагично, мојот братучед, 35-годишен, почина во сон (мозочен удар), оставајќи пет мали деца на возраст од 3 до 8 години: Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона.

Тој беше единствениот вработен во семејството. Мајката ги оставила децата пред три години и не е заинтересирана да се грижи за нив.

Помогнете му на ова семејство со трошоците за погреб и финансиска помош за децата.

Социјалната помош ќе биде тешко остварлива некое време, бидејќи мајката не е во земјава. Децата моментално живеат со баба со хендикеп и помлад вујко, тие сакаат да ги задржат и посвојат децата.

Сè што ќе им биде од помош. Им треба храна, медицинска нега, платена комунална услуга, облека, итн.

Ви благодарам и Бог да ве благослови„, стои во објавата на GoFundMe.

Повик за помош објавија и од ecrowd.mk.

“Трагичен настан кој ги потресе ситe! Таткото, на 35 години, ненадејно почина додека спиел, оставајќи ги своите пет малолетни деца – Дарко, Давид, Блаже, Теодора и Ивона, 3 до 8 години, без родителска грижа. Децата сега се соочуваат со тешка животна реалност. Да помогнеме на блиските роднини да обезбедат грижа!“, стои во повикот за помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец не ги пуштал медицинските лица да влезат во собата каде се лекувал од Ковид-19, интервенирала полицијата

Редакција

Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација за сомнителни случаеви на корона вирус

Редакција

Од утре пороен дожд со грмежи, од петок заладување и врнежи од снег

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница