еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Цела недела исчезнато повозрасно лице од штипско

Повозрасно лице од село Степанци во Општина Штип е пријавено за исчезнато пред една недела.

Вчера во потрагата се вклучиле околу 70 до 80 лица, информира од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во некои подалечни реони околу другите соседни села имало и другу коишто пребарувале во поединечни групи.

„Лицето последен пат било видено пред една недела, во саботата на 05.04.2025 година. Беше пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Во последните неколку денови на потрагата се приклучија и доброволци и членови од повеќе здруженија.

Инаку, во почетокот беа известени МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а потоа секако и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат„, информираше Регионалниот ЦУК Штип.

Во потрагата учествуваат и полицајци, извидници, ловци, лица од локално население од блиските села околу Степанци, роднини на исчезнатото лице…

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 3,8 милиони евра

Редакција

Државниот долг расте од 2009 наваму

Редакција

Со пукање од автоматска пушка расчистувал расправија со сосед

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница