еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И ДПА на Тачи и ЕДП на Хоџа дел од „Европскиот фронт“ на ДУИ

Денеска и владејачките Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи и Европската демократска партија (ЕДП) на Арјанит Хоџа, поранешниот потпретседател на Беса, станаа дел од “Европскиот фронт“ на владејачката ДУИ.

Засега, иако неофицијално подолг период се најавува, крилото на владејачката Алијанса за Албанците на Зијадин Села, не стана дел од оваа коалиција, а според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тоа е прашање на време.

Дел од коалицијата ќе стане и Унијата на Ромите на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Претходно на коалцијата и се приклучи партијата Народно движење на поранешниот пратеник на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партијата на Реџепи прва се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

Фото: ДУИ/Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ден на жалоста за почит на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за сега само со кандидат за министер за внатрешни работи: Кои ќе бидат другите предлози на партијата за техничката влада?

Редакција

Чуваат во банка над 30.000 евра: Расте бројот на „богаташи“ во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница