еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Димитар Апасиев, кој е реизбран за претседател на Левица

Актуелниот претседател и пратеник на Левица, Димитар Апасиев е реизбран за претседател на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитар Апасиев реизбран за претседател на Левица

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил стан од 60 метри квадратни, проценет на 3,9 милиони денари.

На свое име пријавил и кредит од 3,4 милиони денари, кој треба да го врати до 2046 година.

Два кредити пријавил и на име на сопругата, од кои едниот според тогашните податоци, треба да е вратен лани, а вториот од 600 илјади денари треба да се врати до 2025 година.

Тој според анкетниот лист нема возило, но пријавил автомобил Алфа Ромео на име на сопругата.

На нејзино име пријавил и девизни и денарски депозити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил пратеникот Крмов, кој искрши монитор и микрофон во Собранието

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Редакција

(Мапа) Во Куманово на 100 илјади жители, 272,6 заболени од коронавирусот, каква е состојбата по градови

Редакција

Нови 110 случаи на Ковид-19, оздравени 42, нема починати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница