еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Клиника за пулмологија со нов дијагностички центар и опрема

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска се отвори нов дијагностички центар.

Центарот е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС (ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп).

Значајно е што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат на оваа Клиника.

ЕБУС апаратот овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија.

За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инспекторот Волканоски го сподели своето искуство со Ковид-19: “Вирусот се искраде“

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2020: Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Редакција

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи, од денеска до следната недела

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница