еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Клиника за детски болести информираше дека се превземени сите соодветни мерки, согласно законските норми, во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во нашата Клиника.

„Mинистерот за здравство Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот.

Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето – после што бебето има видно подобрена здравстврна состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.

Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.

Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега, останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца – нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција,“ велат од Клиника за детски болести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дваесет мутации на Ковид-19 во Македонија, британскиот вид не е присутен

Редакција

(Видео) Руски конвој кој се движи кон Киев е уништен од воздушен напад, тврди украинското Министерство за одбрана

Редакција

Загинатите во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево биле газда на аптеки и часовничар, возачот на камионот од Косово приведен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница