еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Контролирани 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар, два затворени

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 19.03.2025 година во период од 10 до 15 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово и ОВР Гостивар во содејство со претставници од Управата за финансиска полиција, Државен пазарен инспекторат и Дирекцијата за заштита и спасување, извршиле акциска контрола и презедоле координирани мерки и активности насочени кон сузбивање на недозволени криминални активности кои се вршат во угостителски објекти на подрачјето на Тетово и Гостивар, со приоритетна цел на сузбивање на недозволена трговија со дрога, посредување во вршење на проституција, перење на пари, коруптивни кривични дела од страна на  службени лица вработени во државни институции поврзани со незаконско работење на субјекти кои вршат угостителска дејност и други нелегални активности.

Извршени се контроли во 16 угостителски објекти (ТЕ-10 и ГВ-6), кај кои биле констатирани низа неправилности и од страна на ДПИ и ДЗС ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, додека од страна на ДПИ биле затворени два угостителски објекти во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца

Приведен сопственик на кабаре од Куманово, затекнат како од возило внесува противпожарни апарати во клубот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 531 оздравени од Ковид-19

Редакција

Малиот Лис Бериша пример дека Балканот може да учи од врвните македонски доктори

Редакција

За авионски билети за 60-члената македонска делегација во Будимпешта потрошени 2,6 милиони денари, откри Мицкоски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница