еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешен директор на охридската болница

Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш. (39) од Охрид, поранешен в.д. директор на ЈЗУ – Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираа од таму.

-Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари, информираа од СВР Охрид.

Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата контра антикорупционерите: Нема правен основ за одговорност на вицепремиерот Кочо Анѓушев

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Град Скопје за набавка на гориво и масла вреден 114.000 евра

Редакција

Втор бран на корона вирусот: Петнаесетина семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница