еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, поранешен в.д директор на КПУ Затвор Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична приjава против Борче Цветков (40), пратеник на СДСМ од Струмица и поранешен в.д директор на КПУ Затвор Струмица.

Кривичната е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Имено, тројцата осуденици користеле погодности кои не ги следувале и не биле присутни во Затвор Струмица и по еден месец, а во евидентната книга, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

Во книгата за влез и излез од затворот, осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот иако во моментот бил надвор од државата, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кој и како може да аплицира за државна помош од 14.500 денари по вработен?

Редакција

Џафери и пратениците кои во скафандери гласаа во Собранието, нема да одговараат кривично

Редакција

Зошто Заев спомнува киднапирање на Груевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница