еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Локомотива од товарен воз се излизгала од шините на линијата Скопје-Велес, вратена е, а сообраќајот е нормализиран

Синоќа на железничката линија Скопје-Велес, локомотива од товарен воз се излизгала од шините, а сообраќајот беше стопиран.

Истата е вратена, а сообраќајот денеска е нормализиран, информираа од Македонски железници – Транспорт.

Од таму велат дека штетата била незначителна, а локомотивата по техничката проверка била вратена во сообраќај.

За патниците бил организиран автобуски превоз на релација од Велес до Скопје и обратно.

Инцидентот се случил помеѓу станиците Кадина Река и Зелениково.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Испечатените електронски документи ќе имаат иста важност како и оригиналните

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

(Фото) Прележаните од Ковид-19, може да имаат скриено оштетување на белите дробови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница