еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од Штавица приведен поради предизвикување пожар

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека Г.К. (54) од прилепското село Штавица вчера бил приведен од прилепската полиција поради сомневање дека предизвикал пожар.

Вчера околу 9 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема. Увид бил извршен, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загубарот Железници – транспорт вонредно доби уште 2,5 милиони евра за плати и долгови

Редакција

МВР „ожнеа“ 70 стебла на парцела со отпад под сомнение дека е насад со марихуана

Редакција

Вучиќ со Путин договори добра цена за гасот, Србија ќе плаќа трикратно помалку од европските земји

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница