еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонец убиен во САД, му ја запалиле фирмата

Македонец на 48-годишна возраст во средата бил пронајден починат во неговата транспортна фирма „ATG Truckload“, во Крествуд во американската држава Илиноис, која била запалена, пренесе patch.com.

Станува збор за Дане Котески, а неговото тело било пронајдено на вториот кат од зградата.

Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд, на околу 145 милји од Крествуд и дека е утврдено дека станува збор за возач кој работел кај починатиот Котески.

Полицијата го карактеризира злосторството како „изолиран инцидент, насочен само кон жртвата“.

За помош на семејството на починатиот Котески, започна хуманитарна кампања преку платформата GoFundMe. Секој што сака да помогне може да донира средства, а секоја помош ќе биде од големо значење за семејството во овие тешки моменти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години

Редакција

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 пациенти, а вкупно се лекуваaт 587

Редакција

Рестриктивните мерки би продолжиле уште една недела, но ќе се знае во понеделник, вели Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница