еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија ќе отвори амбасада во Саудиска Арабија

Македонија ќе отвори своја амбасада во Ријад, Саудиска Арабија.

Информацијата на социјалните мрежи ја соопшти вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.

Според него овој чекор бил важен оти “ќе ја зајакне меѓународната позиција на земјата и ќе ги продлабочи врските со еден од најважните актери во арапскиот свет“.

„Република Северна Македонија наскоро ќе ја отвори својата амбасада во Ријад, главниот град на Кралството Саудиска Арабија.

Овој важен стратешки чекор ја зајакнува меѓународната позиција на земјата и ги продлабочува врските со еден од најважните актери во арапскиот свет, како членка на Г20 и најголемата економија во регионот.

За нашите граѓани од исламска вероисповед, ова е настан од особено значење“, напиша меѓудругото Меџити на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се средства за лекување на Трајче Илиовски кој боледува од карцином

Редакција

427 санкции за неносење маска 

Редакција

Утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница