еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Маркетите ќе ги објавуваат цените на производите и на своите веб страници

Во македонското Собрание денеска се донесени измените на Законот за потрошувачи, со кои трговците на мало се обврзуваат да ги објавуваат цените на производите и на нивните веб страници, па граѓаните полесно ќе можаат да ги споредуваат цените.

Тие што имаат повеќе од еден продажен објект треба да ги објавуваат цените на стоките поединечно, за секој свој продажен објект.

Овој закон се однесува на мали, средни и големи трговци, а од обврската се искучуваат микротрговците и трговците поединци.

Со измените исто така се дава овластување на инспекторите да извршат проверки доколку видат неусогласеност на цените.

Законските измени предвидуваат и глоби за трговците кои ќе постапат спротивно на одредбите од овој закон и на одредбите за овластувањата што ги имаат државните пазарни инспектори.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска студентски марш пред Влада, се бара зголемување на студентскиот оброк од 120 на 160 денари

Редакција

40 стипендии за талентирани студенти

Редакција

А1 Македонија со нова ИКТ услуга за бизнис сегментот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница