еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Маркова Река поплави магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци и кон Пинтија

Од обилните врнежи синоќа се излеа Маркова Река, па беа поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци и делови кон населбата Пинтија, информираа од Центарот за управување со кризи.

Поплавување имало и на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај Пинтија.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираше дека поради поплавите, автобусот број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла, а автобусот број 33 преку населбата Драчево во двете насоки.

Македонски железници информираа дека железничкиот патнички и товарен сообраќај, од синоќа во 22:50 часот бил во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвивал преку станицата Трубарево.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче – село Долно Лисиче, како и влезот за селото Батинци во двете насоки.

Видео: ТВ 21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ученикот заврши на Хируршко: Професор со метален предмет претепал средношколец во Струга

Редакција

Обвинение за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици, таа е недостапна за органите на прогонот

Редакција

(Фото) Невообичаени гости денеска во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница