еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Малолетник и 21-годишник го убиле 14-годишното момче во Прилеп

Министерството за внатрешни работи излезе со детали во врска со вчерашното убиство на 14-годишното момче во центарот на Прилеп, кое беше избодено до смрт.

„Денеска (01.03.2024) во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т. (21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело,“ велат од МВР.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче избодено до смрт во центарот на Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Штајнмајер

Редакција

(ВИДЕО) Во „Жолтата куќа“ во Албанија се вадеа органи на Срби, кои се продаваа на клиники низ Европа

Редакција

Починаа нови пет нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 351

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница