еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Муцунски, Сиљановска Давкова и Љутков во официјална посета на Бугарија, во петок

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во петок ќе замине во официјална посета на Бугарија, а информацијата ја потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој заедно со министерот за култура, Зоран Љутков, ќе бидат дел од делегацијата што ќе ја предводи претседателката.

Муцунски изјави дека се договараат деталите околу форматот на средбите. Тој оцени дека ваквата посета доаѓа во период кога помеѓу Софија и Скопје има непотребна тензија.

„Ова е посета наменета кон афирмација на меѓусебните релации, користењето на културната дипломатија како алатка за подобро разбирање меѓу двете држави во период кога постои една непотребна тензија во билатералните односи.

Треба да најдеме начин за нормализација, бидејќи тоа е во интерес и на трговијата и економијата и на политичката соработка. Така што, го сметам тоа како еден афирмативен гест од страна на претседателката и од страна на Владата“, изјави Муцунски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера гласаа 6.710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници

Редакција

„Аутомобиле СК“ го доби тендерот на ЈП „Паркинг Кавадарци“ за набавка на возила вреден 19.800 евра

Редакција

Од Ковид-19 починаа 8 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница