еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

На 88-годишна возраст почина легендарниот актер Доналд Сатерленд

На 88-годишна возраст вчера почина легендарниот канадски актер Доналд Сатерленд.

Роден е на 17. јули 1935 година во Сент Џон, Њу Бранзвик, Канада.

Кариерата ја започна во шеесетите години на минатиот век и брзо стана препознатливо лице на големото платно. Неговиот специфичен глас и актерски талент го направија еден од најбараните актери во неговото време.

Освои бројни награди, меѓу кои и Златен глобус и Еми, но никогаш не доби Оскар.

Во 2017 година доби почесен Оскар за животно дело.

Тој беше татко на пет деца, меѓу кои и актерот Кифер Сатерленд.

Фото: Paramount picture

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа

Редакција

Потребни се волонтери и пикапи за транспорт на хуманитарните пакети за настраданите од пожарите од Источна Македонија

Редакција

Почна вториот изборен круг: Денеска гласаат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница