еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Нема договор за зголемување на минималната плата

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика, Организација на потрошувачи, како и министерствата за економија и за финансии.

Ова е договорено на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) што се одржа во Владата.

Како што изјави претседателката на Организацијата на работодавачи, Владанка Трајкоска, телото кое ќе ја дефинира официјална потрошувачка кошница најверојатно ќе се формира на следната седница на ЕСС.

„Секоја држава во регионот и ЕУ има и синдикална и кошница што ја формираат институциите и тие се разликуваат драстично, синдикалните се дури двапати поголеми.

Тоа се политички одлуки и елементи кои ги користи синдикатот за свои придобивки и тоа е нивен метод за вршење притисок,“ изјави Трајкоска по седницата.

Пред седницата на ЕСС работодавачите рекоа дека е можно минималната плата да биде и повисока од 450 евра, ако Владата субвенционира дел од придонесите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три дена 290 нови случаи на Ковид-19, 250 оздравени, нема починати

Редакција

Врховниот суд го потврди разрешувањето на Лидија Неделкова

Редакција

Банките повеќе нема да тргуваат со готовина во норвешки и шведски круни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница