еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Нов мурал во Театар Комедија: Шпанска керамика во срцето на Скопје!

Во центарот на Скопје, Театар Комедија сега се гордее со ново, живописно уметничко дело.

Привлекувајќи погледи и внимание, муралот создаден од македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов е вистинска визуелна сензација, инспирирана од безвременската шпанска керамика „Talavera de la Reina“.

Ова прекрасно дело не е само мурал, туку и спој на традиција и современ израз! Проектот е остварен во соработка со Здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското Модно Здружение.

Овој мурал е продолжение на успешниот проект „Дијалози“, во кој македонските уметници ја доловија својата визија за уметничката традиција на керамиката Талавера де ла Реина во нивните модни дизајни и керамички фигури.

Македонските уметници Викторија Митева и Орхан Камилов сакаа да го продолжат овој „Дијалог“, овој пат преку мурална уметност.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот може да се инспирира и да се создаде иднината само преку збогатување на животите на луѓето и придонесувајќи кон општествениот напредок

Редакција

Македонија 2025 собра 1,3 милиони долари на гала вечера во Чикаго – македонската дијаспора со поддршка за развој на лидерство, едукација и македонските бизниси

Редакција

(Фото) Вториот MINI ONE од МИНИ И МАКСИ отпатува за Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница