еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од вечерва промена на времето: Нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денеска во вечерните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

Во текот на ноќта, наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Утре (10.09) времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за 24 часа), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град.

Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток.

Под влијание на нова влажна и нестабилна воздушна маса врнежи повторно се очекуваат во петок.

Во Скопје денеска во вечерните часови, во текот на ноќта и утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео од улиците на украинскиот град Мариупол го покажува ужасот на војната

Редакција

(Галерија) Како изгледа штадот на Македонија: Во Белград отворен саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Редакција

Кој е контроверзниот Красимир Каракачанов: „Човекот што сака Бугарија да се простира од Софија до Токио“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница