еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од грип починале 39-годишно лице од Скопје и 66-годишник од Велес

Минатата недела од грип починале лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ 8-ми Септември во Скопје.

Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети (невролошки) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип, стои во извештајот за состојбата со грипот во Македонија на Институтот за јавно здравје за периодот од 26.02 до 03.03.2024 година.

Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09, а кај другото Influenza B/Victoria.

Во овој период се пријавени  641 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, 21,8% помалку во споредба со претходната недела.

Од нив, 396 лице се на возраст од 15-64 години, 135 се деца на возраст од 5-14 години, 68 се деца на возраст од 0-4 години, а 42 се лица на возраст над 65 години.

Најголем број на пријавени случаи има во Кавадарци – 146, стои во извештајот, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од грип починале 49-годишно лице од Скопје и 65-годишно лице од Велес

Лице од Скопје деветта жртва од грип

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште 30 лица од Ковид-19, вкупно 1.877

Редакција

(Табела) Најголема смртност од Ковид-19 во градовите каде има помал процент на вакцинирани

Редакција

Италијанска компанија во постапка без оглас го доби тендерот за дополнителни работи на Албанскиот театар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница