еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Опожарен автомобил на јавен обвинител од ОЈО Скопје

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека синоќа засега непознати сторители опожариле автомобил на јавен обвинител од ОЈО Скопје.

-Интензивно се преземаат дејствија за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен.

Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмети во кои во моментов интензивно презема истражни дејствија.

Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот на Здравствен дом-Скопје за набавка на 13 возила вреден 224.000 евра

Редакција

За викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во февруари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница