еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Отворен повик за донирање на мобилната библиотека „Реад на тркала“

Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ – (РЕАД) финансиран од ЕУ, објавува повик за донирање на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ (READ on Wheels) на граѓанска организација која делува во областа култура од Македонија, Србија, Косово, Албанија или Турција.

Една од целите на проектот е да им овозможи пристап до книги и културни активности на младите од помали и тешко достапни места. Оваа цел беше постигната преку мобилната билиотека „РЕАД на тркала“, која во изминатите tri години патуваше низ Македонија, Албанија, Србија, Косово и Турција.

Земајќи предвид дека проектот „РЕАД“ набрзо ќе биде затворен, мобилната библиотека ќе се донира на граѓанска организација од погоре наведените земји, која е мотивирана и има капацитет да ја продолжи досегашната успешна работа со библиотеката.

Мобилната библиотека е сместена во комбе, ФИАТ Дукато, 2020 година, чија внатрешност е организирана со полици за книги, подвижен мебел и содржи модерна техничка опрема (ЛЦД монитор, систем за озвучување, паметни таблети, подвижни маси, видео проектотр и др.).

Целата опрема се користи да се постави библиотека на отворено за различни активности со корисниците.

Повикот за граѓанските организации е отворен до 08.04.2024, а сите информации за начинот на аплицирање можете да ги најдете на следниот линк: bit.ly.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Платформата „РЕсет – РЕцепт за добросостојба“ на Реплек прогласена за најдобра HR практика за вработените за 2024 година

Редакција

Годишен шопинг на сметка на Веро за најсреќниот потрошувач

Редакција

НЛБ Банка добитник на наградата за висока даночна култура во 2020 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница