еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Парламентарните избори на 8. мај, заедно со претседателските, техничка влада од 28. јануари

Парламентарните партии денеска на лидерската средба договорија парламентарните избори да се одржат на 8. мај следната година, заедно со вториот круг од претседателските избори.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24. април.

Не беше постигнат договор за укинување на тејничката влада согласно Пржинскиот договор, па истата ќе ја има од 28. јануари, односно 100 дена пред изборите, а претходно премиерот Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка.

Кај партиите имало широк консензус за забелешките за Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и истите ќе влезат во собраниска процедура.

Мнозинство за уставните измени нема, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остануваат на својот став.

Коалицијата Европски сојуз (Беса, Алтернатива и Демократски сојуз) ја напушти лидерската поради немање договор за испразнетото место во Државната изборна комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој го предизвика инцидентот на фудбалскиот натпревар на кој беше приведен новинарот Фуркан Салиу

Редакција

Дневно ќе се вакцинираат по 300 до 400 лица од списоците на стопанските комори

Редакција

Сите детали: Грција во мај ги „отвара“ продавниците, трговските центри, фризерските салони…

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница