еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Партиите со пари на граѓаните ќе се рекламираат во 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници

Политичките партии со пари на граѓаните од државниот Буџет на престојните претседателски и парламентарни избори ќе се рекламираат во 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници.

Толку медиуми Државната изборна комисија (ДИК) прифати во усвоениот регистар на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали, на кои ќе се врши платено политичко рекламирање за изборите, а партиите нема да можат да се рекламираат во медиуми кои не се дел од истиот.

За платено политичко рекламирање се планирани рекордни 10.6 милиони евра, а од нив според законското решение најмногу пари ќе добијат двете најголеми владејачки и двете најголеми опозициски партии.

еМагазин не се пријави да троши пари на граѓаните за политичко рекламирање на партиите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Друже Зоќи, љубичице бела, тебе воли омладина цела“: Твитер за споредбата на Каевски на Заев со Тито

Редакција

СЗО: Омикрон е регистриран во 57 земји, потребни се повеќе податоци за да се види, дали се намалува заштитата од вакцините

Редакција

Судење „Титаник“: Презентирани СМС порако како Јанакиески, Јанкулоска и Груевски договарале вработувања во државни институции пред избори

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница