еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО Самитот во Вашингтон е законско, велат од Антикорупциска

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска донесе одлука за запирање на постапката по пријавата за незаконска исплата на трошоци за патување во странство на сопругата на претседателот на македонското Собранието, Африм Гаши.

Според ДКСК не се потврдени и утврдени повреди на одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Пријавата се однесува на покривање на трошоци за патување реализирано во период од 8 јули до 11. јули 2024 година на парламентарниот Самит на НАТО во Вашингтон, САД.

Од ДКСК посочија дека било утврдено дека сопругата на Гаши патувала во странство, како дел од делегацијата, врз основа на решение донесено од секретарот на Собранието. Анализата покажала дека трошоците се покриени од буџетот на Собранието и дека постоела програма за брачните партнери и дека тоа е вообичаено при вакви настани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска ја отфрли пријавата за министерот Љутков за вработување на неговата сестра

Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНТ одбележа 75 години: Ретка снимка од стариот театар преполн со публика и овации

Редакција

Каков имот пријавил Вулнет Винца, кој е избран за претседател на Основен суд Струга

Редакција

МВР распиша тендер за набавка на виндјакни за полицајците тежок 975.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница