еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои не одредија притвор за Незири и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Телевизијата Телма објави дека Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите од Кривичен суд Скопје, кои не одредија притвор за функционерот на ДУИ и советник во Македонска навигација (М-НАВ), Беким Незири и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање и нападнаа вработени таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема притвор за Беким Незири, функционерот на ДУИ, кој ги однесе напаѓачите во Контрола на летање

Пајазити е и заменик претседател на Кривичниот суд.

Осум лица, од кои четири се уште се недостапни за органите на прогон, од Судот добија мерки на претпазливост, наместо притвор како што побара Основното јавно обвинителство Скопје.

Никој од нив не е осомничен за теророризам, туку сите ќе се гонат за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Редакција

Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Редакција

Радев и Петков на средба со Макрон за повлекување на бугарското вето за Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница