еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожар го евакуираше Ист Гејт, нема повредени, ниту голема материјална штета

Утрово во 9:30 часот во вентилација на ресторан во скопскиот трговски центар Ист Гејт изби пожар.

Вработените во трговскиот беа евакуирани, по што пожарот беше локализиран.

Во локализирањето учествуваа пет пожарникарни возила со 15 пожарникари.

За пожарот се огласија и од Ист Гејт, од каде информираа дека техничките служби на трговскиот заедно со пожарникарските служби на терен го локализирале пожарот и навремено го спречиле неговото ширење.

-Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани.

Како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица, ниту е причинета голема материјална штета.

Настанот се случи во време кога трговскиот центар се уште не е оперативен и нема посетители, информираа од таму.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот, а по увидот трговскиот продолжи со работа, освен делот за брза храна.

Фото: Ист Гејт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Тамара пред хуманитарниот концерт објави преработка на „Време за плачење“

Редакција

Двајца тепале скопјанец во парк

Редакција

(Видео) Македонија на 16. место на детската Евровизија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница