еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полицајците да не казнуваат, туку да укажуваат на граѓаните со возачки дозволи без новото уставно име, апелира Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски апелира, полицијата да укажува наместо да казнува доколку граѓаните немаат возачки дозволи со новото уставно име на Македонија и регистарски таблички со НМК.

„Сакам да упатам една порака до сите полициски службеници и сите граѓани, дека македонските граѓани не треба да плаќаат казни поради тоа што некои недобронамерници во минатото не биле кадарни да истераат некои процеси како што требало да ги истераат, а не вака како што ги истераа.

И сакам да упатам апел до секој еден македонски полицаец да ги има предвид законските одредби коишто се однесуваат на укажувања, опомени, итн.. Сметам дека ниту еден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци“, изјави Тошковски.

За личните карти, не важи оваа законска обврска и може да се употребуваат до рокот.

Казната за возачка со старото име е 100 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казната е 100 евра: Од денеска важат само возачки со новото име и регистарски таблички со НМК

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат, Канал 5, Сител и Телма ја тужат ДИК поради цените за изборното рекламирање

Редакција

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Редакција

Откриена нова вакцина против туберкулоза

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница