еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поплави, оштетени покриви и возила, предизвика невреме во Скопскиот и Тетовскиот регион

Силното невреме кое попладнево ја зафати Скопската котлина, тетовско и други региони во земајва, предизвика материјална штета, а повеќе пријави и известувања од граѓаните се добиени на Единствениот број за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Добиени се пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, скршени гранки, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето,“ се вели во соопштението.

Од Управата за хидрометоролошки работи информираа дека нестабилната облачна маса од која во западните и северните делови од Скопската котлина имаше појава на невреме, се преместува во правец кон Куманово каде исто така се очекуваат процеси во форма на невреме.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци пронајдоа човечки череп на патот кон Јасен

Редакција

Вселенската Патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА

Редакција

(Фото) Скопје сепак ќе добие „автобуско метро“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница