еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

По расправија со татко му, 32-годишен скопјанец го запалил мотоциклот на мајка му, се обидел да ја запали и куќата

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека денеска во 05 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 32-годишниот А.М. од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55-годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл, сопственост на неговата мајка.

„Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови шест починати од Ковид-19 во Тетово, 104 пациенти се на кислородна поддршка

Редакција

За три дена нови 1.171 случаи со Ковид-19, тројца починати и 1.390 оздравени

Редакција

Во мај пад на извозот за 8,8%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница