еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По 13 дена борба, пожарот на планината Серта е целосно изгаснат

По 13 дневна борба со огнената стихија, пожарот кај месноста Серта е целосно изгаснат, информираше командирот на неготинската противпожарна бригада Столе Атанасов.

„Драги пријатели, прв пат се огласувам во мое име, во име на пожарникарите и сите граѓани кои доброволно учествуваа во совладувањето на незапирливата стихија што ја зафати месноста Серта и беше еколошка закана за нашето сакано Неготино.

Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини, истите многу тешко преоден терен.

Благодарност и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нас помогнаа во совладувањето на пожарот.

Ризиците од голема еколошка катастрофа не беа единствени, секој момент додека траеше акцијата беа загрозени безбедноста и здравјето на секој вклучен поединец.

Успеавме, со гордост истакнувам дека успеавме да не настрада со посериозни повреди ниту еден од вклучените граѓани во акцијата. Покажавме дека само сплотени може да се справиме со сите предизвици,“ пишува Атанасов на неговиот Фејсбук профил.

Воедно тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, совесни и одговорни при овие екстремно високи температури.

Фото: ЦУК/Атансов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122

Редакција

Кои се протоколи ги прекршиле затворските полицајци при бегството на Беким Мемети

Редакција

Невработена, без имот, со редовна медицинска терапија: Што пишува во одлуката на Апелација за притворот на Јанева

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница