еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Прв смртен случај од западно-нилска треска: 78-годишен пациент почина на Клиника за инфективни болести

Во Македонија има прв смртен случај од западно-нилска треска. 78-годишен пациент од Облешево почина по една недела хоспитализација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) велат дека симптомите кај пациентот започнале на 9. септември, а се манифестирале со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39 степени.

„Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10. септември со возило од Итна медицинска помош е испратен во болницата во Штип, каде што биле спроведени дијагностички невролошки процедури.

Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Земени се примероци за микробиолошки анализи.

Потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација,“ информира ИЈЗ.

Од таму додаваат дека податоците при епидемиолошкото истражување од епидемиолог од ЦЈЗ Кочани се добиени од децата на пациентот и од медицинската документација од КБ Штип и инфектолози.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) И денеска нема хуманитарна помош за Палестинците во Газа, кои две недели се без храна, вода, лекови…

Редакција

Одложен стартот на судењето за Жан Митрев, ангажирал нови адвокати

Редакција

Смени во Одборот на директори на Раде Кончар-Апаратна техника

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница