еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Преку рани уписи на Хајделберг факултетот во Скопје студентите ќе добијат ексклузивни поволности

Хајделберг факултетот во Скопје им нуди уникатна можност на идните студенти – сите кои ќе се пријават пред официјалниот упис ќе имаат пристап до ексклузивни поволности!

Официјалните уписи започнуваат во мај 2025 година, но студентите кои ќе ја искористат можноста за рано пријавување во април и мај ќе добијат значајни придобивки за полесен почеток на студиите. Овие поволности вклучуваат:

– Намалени трошоци за упис;

– Ексклузивен пристап до подготвителни материјали;

– Лична поддршка од академскиот тим на Хајделберг факултетот

Со оваа иницијатива, Хајделберг факултетот им помага на идните академци да започнат со сигурност и подготвеност, поставувајќи ги на патот кон успехот.

Оваа понуда се однесува само за студентите кои ќе аплицираат во март и во април.

За повеќе информации и за начинот на пријавување, може да се посети веб-страницата на Хајделберг, а идните академски граѓани можат да се информираат и на телефонскиот број 070 355 656 или преку електронската пошта [email protected].

Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција која што овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија.

Идните студенти можат да бираат меѓу две студиски програми –  Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки. Комбинираниот модел овозможува студентите да се стекнат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави, со што Хајделберг обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди.

Програмата претставува значаен чекор во развојот на високото образование, овозможувајќи им на студентите да ги искористат придобивките од двата образовни системи, со посебен акцент на германското искуство во завршната година од студиите.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продавниците на Fashion group ги отворија своите врати за купувачите

Редакција

Недела на дизајн Скопје: Фестивал кој се враќа за да остане

Редакција

Виталиа најголем донатор на храна во Македонија! „Сите граѓани заслужуваат здраво да се хранат“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница