Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на клучката кај Чешиново, вчера загинаа две лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две лица загинаа во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
Повредени се седум лица, кои завршија во болницата во Кочани, а во сообраќајката учествувале три возила, со кочански, скопски и винички регистарски таблици.
Од Јавното обвинителство информираа дека можна причина за несреќата е претекување на возило.
-Јавен обвинител изврши увид на лице место на несреќата и издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата.
На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување, велат од Обвинителството.