еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска попладне локален дожд и ветер, од утре повторно топло

Редакција

Истражување на Бреинстер: Најзадоволни со професијата се ИТ професионалците и дизајнерите

Редакција

(Фото) Ганка Цветанова и Сашко Кедев се икачија на вториот највисок врв во светот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница