еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во декември лани 39.998 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, изнесува 39.998 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ги смени правилата: При влез од Македонија со негативен ПЦР или рапид тест, ќе има повторно задолжително тестирање

Редакција

Во блок-трансакција вредна 91.000 евра продадени акции од „Оилко“

Редакција

Нов пакет мерки вреден над 350 милиони евра за справување со кризата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница