еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски веќе има пет кривични и прекршочни, меѓу кои и за носење на оружје

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо веќе има пет кривични и прекршочни пријави, меѓу кои и за носење на оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љупчо Палевски осомничен дека ги убил Вања и Панче, на 30. ноември прво избегал во Белград, па во Бугарија

-Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љ.П., осомничен за убиствата на В.Ѓ. и П.Ж., за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.

Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков

Немаме информации дека во Бугарија е човек поврзан со убиството на Вања, велат од бугарско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Липково за набавка на масло за греење вреден 7,9 милиони денари

Редакција

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Редакција

Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница